Мислења

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево во 1995

Далечната 1995 година, на десетиот партиски конгрес на ВМРО бев делегат. На сликата е кумановската делегација, односно кумановските делегати. Тогаш Кичево имаше градоначалник Македонец. И беше сосема поинаков град.

Сето тоа се смени по 2004 година и фамозната територијална поделба кога со вештачко придодавање на етнички чисти албански села се направи механичка мајоризација врз Македонците.

До ден денешен немаме посеопфатна дебата за овие прашања, никој нема виновен, а етничката структура во Западна Македонија забрзано се менува, согласно Платформата на Албанската академија на науки издадена во 1998 година. Истата платформа беше истакната првиот ден од узурпаторот на позицијата претседател на парламентот, командатот/дезертер Форина. Имено, тој покрај двете знамиња на Албанија ја истакна и книгата на Мирчев во која е поместена и објаснета оваа Платформа која на агресивен начин предвидува создавање на Голема Албанска држава од териториите на Црна Гора, Србија, Македонија и Грција…

Следете ме на овие социјални мрежи