Повелете инфо од мои извори по мрежите…

 

Охрид

Локални избори во октомври нема да се одржат и најверојатно ќе се во март, а можеби и после март – вака го информирал членството на СДСМ, Томислав Тунтев , Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Охрид, на неодамнешен состанок на кој на присутните не им биле одземени мобилните телефони пред состанокот.

Како што дознава Охрид 1 , на состанокот тој ги известил членовите дека за се одлучувале ”странците” и дека од нив зависело кога ќе се изборите, но јасно било дека избори во октомври нема да се одржат заради рејтингот на СДСМ. Тунтев покрај за изборите на состанокот реферирал и за ентериерот во објектот на Владата каде тој влегол по првпат, како и за впечатоците за психичката состојба на тие кои го нарачале тој ентериер.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови