„Le courrier des Balkans, весник кој излегува во Рим и кој постојано ги спречува Австриските махинации на Балканскиот Полуостров, донесе сензационална вест, дека меѓу Австро-Унгарија и Грција е склучен таен сојуз за поделба на Македонија.

Сојузот е склучен во декември 1903 година во Виена, за време на посетата на грчкиот крал Ѓорѓи на царот Фрањо Јосип. Договорот го потпишал и грофот Голуховски. Со овој договор Австрија и признава право на Грција сфера на влијание се до Драч, односно на целиот јанински вилает и еден дел на битолскиот вилает. Грција од своја страна и признава на Австрија влијание на цела Стара Србија и Македонија се до Солун. Овој уговор би важел доколку се распадне Отоманското царство“ – пренесува белградска Политика од 26.05.1906 година.

Целиот текст на: Таен договор меѓу Австрија и Грција за поделба на Македонија

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови