Искрено не можам да сфатам ако победувам на избори, ако се е на моја страна, ако водам на истражувања на рејтинзи, ако сум сигурен дека му мислам добро на народот и дека добро ќе правам, да не брзам тоа да го направам.

Целта на секоја опозиција е да победи, да не се лажеме. Идејата е со таа победа да биде подобро, да осети нешто народот. Проблем била КОРОНАТА. Ако така гледаме, таа ќе биде проблем нанапред во иднината уште долго време. Треба ли да зацементираме статус кво во недоглед?

Јас пак мислам да престанат политичките елити, кои се корумпирани, да лажат. Не им е гајле за народот. Оти без проблем може да се организираат избори. Со правила за социјална дистанца. Со ознаки за 2 метра растојание, кое ионака досега го имаше на изборите заради тајноста на гласањето.

Потоа, може ДИК, која ионака за ништо зема плати (големи плати) да набави и ракавици и маски и средства за дезинфекција. Не не мантрајте дека тоа е неизводливо. На 2000 гласачки места гласаат во просек по 1000 гласачи. од нив излегуваат по макс 500. Другите или се иселени или се фиктивни или се разбира НЕ САКААТ ДА ГЛАСААТ. Значи во секое гласачко место во текот на 720 минути ќе има просек 500 гласачи (повеќе посетители има КАМ, Рептил или Тинекс во текот на еден ден, па се си е најнормално). Без проблем се менаџира.

Може по секој гласач и да се дезинфицира целата лента по која што се движи. Народот веќе си ги знае правилата за да се заштити. Не ќе се лета да се бацува со некој друг што гласа. Нема да оди во кланица, нема да бљуе, да кашла и вришти. Ќе си заокружи и ќе си оди. Просто.

Дополнително, ако толку се грижат партиите за своите гласачи, со програмата или материјалите во кесичка нема им пратат ракавици, маска и средство за дезинфекција. Просто да попросто не може да биде. Ама ако се сака. Ако не се сака КОРОНА, МАЛАРИЈА, СИДА, МИДА се ќе биде проблем…

П.С. како седеа ПОГЛАВИЦИТЕ денеска еден до друг на тнр „лидерска“? Не е опасно тоа по здравје??

Искрено не можам да сфатам ако победувам на избори, ако се е на моја страна, ако водам на истражувања на рејтинзи, ако…

Gepostet von Filip T. Petrovski am Dienstag, 12. Mai 2020
Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови