„„Македонија – Блокира“ на синоќешната седница за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните избори го избра Ацо Николовски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија која е дел од „Македонија-Блокира“. Ацо Николовски има богато искуство во организацијата на избори и на сенародните македонски протести по повод уставните измени и за време на референдумската кампања.

Филип Петровски во настап на ТВ Нова

На седницата беше дискутирано и за подготовките на кандидатот за претседател на „Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски, на конвенцијата во Струга 16 февруари.

Притоа, на седницата се донесе одлука да се соберат и 10.000 потписи за кандидатурата на Петровски бидејќи освен големата подршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ и од „Македонија-Блокира„ каде членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората, со потписите ќе се потврди подршката која д-р Филип Петровски ја ужива меѓу народот со што Петровски би бил надпартиски народен кандидат подржан од „Македонија-Блокира““, се вели во соопштението од Македонија – Блокира.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови