„Кандидатот за претседател од „Македонија – Блокира„ на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски,  денеска, сабота, 2 февруари 2019 поднесе барање до Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го добие списокот на делегати на Конвенцијата во Струга на 16 февруари каде ќе се избере кандидатот за претседател на Република Македонија.

Филип Петровски

Исто така, од страна на Петровски е побаран и списокот на претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето е со цел кандидатот Петровски во непосредни презентации да ги запознае делегатите на Конвенцијата како и членството преку општинските комитети со своите програмски определби како претседателски кандидат“, велат од Македонија Блокира.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови