Дами и господа, третиот ден во неделата, резервиран за дуел на политичките опоненти – бескрупулозниот Филип Петровски и политички дрскиот Абдулади Вејсели. Оваа среда во „Само Вистина“, секој ќе ја покаже својата страна на медалот, за актуелните политички состојби и теми.

Петровски водичот на студентските протести против наставата на албански јазик во 97-мата, секогаш во друштво на политичката елита, одличен оратор, и постојано интересен за тајните служби. Вејсели пак, поранешен претседател на ПДП, политички аналитичар и пасивен политичар, своевремено умерен а денес малку понеумерен со став дека законот за употреба на јазиците е решение Албанците да се чувствуваат комотно и во своја држава. Ќе ни треба ли можеби предлогот на Циле за историски договор со Албанците?

Филип Петровски

Се делиме или се хомогенизираме по етничка линија? Дали СДСМ не може повеќе да смета на албански гласови и дали Мицкоски ќе успее да ги врати ДУИ во евентуална идна коалиција? Што донесе средбата во Виена? Каде исчезна македонскиот оптимизам за решение на спорот за името а кој придонесе за зголемениот апетит на јужниот сосед?

Имаат ли доволно харизматични политички лидери Македонците и Албанците за конечен излез од оваа апатија? Зошто граѓаните се чувствуваат нерамноправни, дали за жал ни се случуваат „Мурто и Турто”? Гледајте ексклузивна и незаборавна дебата во #СамоВистина, со Филип Петровски и Абдулади Вејсели.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови