Властите започнаа со демонтажа на спорните споменици од проектот Скопје 2014. Дали отстранувањето на првиот од низа споменици, за кои власта тврди дека се дивоградби, е почитување на законот или пак, како што тврди опозицијата, одмазда за се што е изградено од претходната гарнитура?

Филип Петровски во дуел со Мирослав Грчев

Дали, она што шарените револуционери го прскаа со боја, сега откако се дел од власта, ќе го демонтираат со багери? Дали уривањето на спомениците е справување со како што го нарекуваше Грчев злостор против македонската држава, култура и идентитет, или пак токму уривањето ќе биде вистинскиот културен и естетски геноцид? Задоволни ли се „првоборците“ кои го уриваат претходниот режим, од досега сработеното на оние за чија победа се бореа?

Како новите власти ќе се справуваат со груевистичкиот мега проект, со барокните згради, и голем број на споменици? Кој треба да одговара за урбанистичките и градежни злосторства? Или пак можеби сегашната власт во иднина ќе одговара затоа што го демонтира овој проект.

Треба ли да се менува Уставот за да се задоволат апетитите на Грција? Каква ќе биде волјата на граѓаните доколку преку референдумот бидат прашани за промена на името? Што е со новите проекти од Министерството за култура? Потребен ли и е на Македонија Законот за употреба на јазиците? Во #СамоВистина вечерва дебатираат Филип Петровски и Мирослав Грчев.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови