Во Центар со Васко Ефтов: Никола Груевски се фати за глава кога му ги презентирав досиеата!

Филип Петровски настап во популарната емисија ВО ЦЕНТАР на Васко Ефтов

Интервју со д-р Филип Петровски, политичар, поранешен директор на Државниот Архив и Претседател на Унијата на младите сили на ВМРО ДПМНЕ.

Зошто Петровски не стана лидер на ВМРО ДПМНЕ и наследник на Љубчо Георгиевски, каде ја пропушти таа шанса и зошто неговата кариера ја немаше таа линија на успехот како што сите предвидуваа? Што е вистината за студентските протести 1997 година, како тие беа организирани, дали структурите на тајните служби преку Лазар Китановски имаа влијание врз протестите, бидејќи во значаен дел раководството на тие протести беа студенти од Правниот Факултет.

Емисија со рекордна гледаност, проверете зошто.
Филип Петровски изнесе на светлост на денот работи кои досега се непознати.

Дали Никола Груевски бил член на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ или бил член на ДА на Тупурковски, за тоа Филип Петровски прв пат зборува во јавноста. Од кога сегашниот лидер Мицкоски е член на ВМРО ДПМНЕ?

Груевски се фати за главата кога му ги презентирав досиеата за некои видни личности од нашата партија или од поранешните дисиденти, вели Петровски. Како се организирани Конгресите во Охрид 2003 и во Валандово 2017 година? Четири месеци пред Никола Груевски да беше избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ, зимата 2003 година во Њујорк Сашо Мијалков ми кажа дека Груевски ќе биде нов лидер на ВМРО ДПМНЕ и иден македонски премиер. Не му верував, вели Петровски во оваа интервју. Но да не беше интервенцијата на Љубчо Георгиевски на Когресот во Охрид ќе победеше Марјан Ѓорчев а не Никола Груевски.

Љубчо Георгиевски се плашеше од мене, вели Петровски, и затоа бараше моја оставка на функцијата Претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. На мое место дојде Игор Гиевски кој е сега еден од најблиските соработници на Мицкоски, како во бизнисот така и во политиката.

Според Петровски, Груевски беше уценет да ја напушти и функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ и на таа функција како свој наследник да го донесе Христијан Мицкоски. Интересно беше да се гледа како на Конгресот во Валандово Мицкоски беше во средината меѓу Груевски и Мане Јаковлевски, а сите кои ги познаваат работите знаат што преставува Мане Јаковлевски, вели Петровски.

д-р Филип Петровски: Нашиот народ има право да ја знае вистинатаНе е за мене проблем ниту едно прашање. Само да имам простор да одговорам.

Gepostet von Филип ЗА Македонија am Samstag, 27. Juni 2020

За мене и денес останува енигма, вели Петровски, зошто Љубчо Георгиевски ги бојкотираше изборите 1994 година и кога беа случувањата со ТАТ го одложи големиот протест кога на сите им беше јасно дека Бранко Црвенковски е готов и нема шанса политички да се спаси. Одлично и шокантно интервју со Филип Петровски кое вреди да се погледа!

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови