Кога не се криевме што работиме принтавме и јавно беа достапни нашите документи. Имаше процедура, ред и устројство.

Вовед во деловниците на УМС, објавен во 1997 година


Сега е битно „од горе“ да те сакаат, да се умилкуваш, или пак да си нечив татин син. Приватизација пер се. И после некој друг бил крив. Еве на пример мене од „дувло“ ме обвинуваа за Јове дека бил шарен, дека бил бачевист. Сега што правиме?
За Демократска Десница (ДД) до ден денеска ми пишуваат исто така од „дувло“ а Димса, попознат и како Димче Арсовски беше на листа кај мене како кандидат за пратеник на ДД.


Тие што сакаат да имаат кратко паметење не се сеќаваат дека него и уште некои слични и блиски на него ги пратив кај Илија Димовски со замолница да бидат вклучени во работата на ВМРО. Меѓу другото кога преговарав во Мартин Протоѓер едно од барањата беше да овие дечки се вклопат во работата на партијата. И така би. Само сега не се сеќаваат, не им чини…
А да не беше ДД и да не преговарав со Мартин со месеци немаше да знаат како изгледа „БЕЛА ПАЛАТА“ од внатре…
Сега слушам дури научиле како и да направат пари од веб сајтови, а фактурата да ја плати народот преку ДИК… Интересно. Нели за идеологија се правеше муабет? Или работата ми ти било како да се дојде до пари. Затоа ли се држи како слеп за стап и Мицко? Да ја извадам ли листата на донатори во време на кампања, оние што се пријавени? Па да запрашам од каде им биле толку пари на тие ликови? Или некој им давал кеш да го уплатат? Има многу прашања. Неодговорени. А изолираноста на султанот во палатата е се поголема.
Широки мермерни ходници… Ладни…

Кога не се криевме што работиме принтавме и јавно беа достапни нашите документи. Имаше процедура, ред и устројство….

Gepostet von Filip T. Petrovski am Montag, 19. Oktober 2020
Кон Фејбук
Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови