Интервју за Прес24, 30 април 2015 година

Како одминуива времето се појасни стануваат вистинските намери на Лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Филип Петровски, во интервју за Прес24, вели дека откако Заев станува свесен дека не успеа со дестабилизацијата полека полека останува на чист и бришан простор каде што се видливи намерите.

-Едноставно е деконспириран. Казната ќе биде болна за него и неговото опкружување кое исто така доброволно се вклучи во овој процес кој е надвор од законите на државата,  вели Петровски за Прес24.

Тој смета дека Македонија е заложник на безбедносните структури кои во соработка со странски разузнавачки служби имаат за цел да предизвикаат дестабилизација и на тој начин доаѓање на СДСМ на власт.

-Не само ВМРО туку и Македонија е повторно и постојано притисната од тие структури кои кога е СДСМ на власт се формални, а кога е во опозиција се неформални. Верушевски е константа во сите скандали. Па дури и кај мене во моето студентско полициско досие го пронајдов во документ потпишан..  Можеби е време да се посвети државата посериозно кон овие структури и да ги расчисти темелно лицата кои исполнуваат услови да бидат лустрирани, вели Петровски во интервјуото.

Масовните трибини кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира се порака дека за тоа со кого е народот, а воедно и демонстрирање на компактност на партиското тело. Петровски смета дека активностите на Димитров и Кекеновски се во корелација со стратегијата на СДСМ против владата.

-Димитров и компанија не се членови на партијата. Тие само имаат желба да бидат тоа. Посебно Димитров кој на грбот на партијата цел живот ужива во значајни државни позиции… Не верувам дека они незнаат каква услуга му чинат на Заев. Од друга страна се храбрат на социјалните мрежи каде што главни поддржувачи им се членови на СДСМ. Тоа е или аматеризам или усогласеност зад параваните. Ако е аматеризам, во ред е затоа што секој има право да греши и да си проба. Но повеќе сум склон да мислам дека е детална усогласеност, од причина што Димитров си ги има од поодамна контактите со таканаречените соросоиди. Знаете на кои мислам нели?, потенцира Филип Петровски во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Изминативе три викенди ВМРО-ДПМНЕ организираше масовни трибини од кои беа испратени политички пораки за актуелната состојба во државата. Како го оценувате фидбекот од тие трибини?

ПЕТРОВСКИ: Се разбира ВМРО-ДПМНЕ мораше да испрати одговори на ваков начин затоа што политичкиот опонент опиен и залетан од моментот почна да губи допир со реалноста и својата политичка борба почна да ја манифестира преку агресија и ароганција, својствена секако само на нив. На овој начин тие добија порака со кого е народот и дека се прочитани и проѕрени нивните намери за дестабилизација на државата за цели на врхушката на СДСМ.

ПРЕС24: Најавите се дека слични трибини ќе има и наредниот период. Дали сето ова е влез во една нова предизборна атмосфера?

ПЕТРОВСКИ: Мислам дека не е. Сега за сега нема потреба од избори. Мандатот е свеж и цементиран со 200 илјади гласови разлика. Таква бројка може да се фалсификува само во филмовите на Спилберг, Камерун и се разбира во свеста на Заев. Не знам дали се сеќавате но екипата околу Заев беше опиена и одвоена од реалноста и за време на минатогодишната кампања. Тие до последен момент ширеа оптимизам дека сигурно победуваат. Тоа како што сега излегува било контекст да не се признаат резултатите. И секако вовед во ова сценарио за дестабилизација на државата.

ПРЕС24: Трибините всушност се и еден вид порака за доополнително обединување на пртијата. Дали ВМРО-ДПМНЕ во овој период е пред сеиозен предизвик за зачувување на партиското единство?

ПЕТРОВСКИ: Не е. Имено, ВМРО го заврши процесот на историско обедунување на фракциите и десничарските партии во 2012 година. Тогаш беа повикани да се соберат и вратат сите што имаа здраворазумски пристап кон политиката. Целта беше да се зацврсне десницата и тоа како што може да се види беше успешна операција. Зошто? Затоа што од 70 илјади гласови разлика тогаш, за само две години разликата се зголеми на околу 200. Тоа не е случајно, туку е плод на тоа размислување, тактизирање, стратегизирање. Па сега на опозицијата никој не и е крив што на време не ги согледа овие процеси и не ги започна истите…

ПРЕС24: Ве прашавува во контекст на актуелните случувања. Дали овие најави за фракционерски движеања во партијата, од типот на Кекеновски преку форум на слободумни патриот и Димитров преку амстердамскиот манифест за реформа на партија се во коралција како дел од сценариото на опзоцијата за дестабилизација?

ПЕТРОВСКИ: Да, секако се. Не е случајно што токму сега се појавија овие ликови. Но за среќа истите немаат никакво влијание врз движењата во партијата. И тоа не е исто така случајно. Димитров и компанија не се членови на партијата. Тие само имаат желба да бидат тоа. Посебно Димитров кој на грбот на партијата цел живот ужива во значајни државни позиции… Не верувам дека они незнаат каква услуга му чинат на Заев. Од друга страна се храбрат на социјалните мрежи каде што главни поддржувачи им се членови на СДСМ. Тоа е или аматеризам или усогласеност зад параваните. Ако е аматеризам, во ред е затоа што секој има право да греши и да си проба. Но повеќе сум склон да мислам дека е детална усогласеност, од причина што Димитров си ги има од поодамна контактите со таканаречените соросоиди. Знаете на кои мислам нели?!

ПРЕС24: Во основата на ова сценарио за дестабилизација на државата се појавуваат повторно структури на безбедносните служби. Од основањето на ВМРО-ДПМНЕ па се до денеска партијата никако да излезе од овој заложнички круг?

ПЕТРОВСКИ: Не само ВМРО туку и Македонија е повторно и постојано притисната од тие структури кои кога е СДСМ на власт се формални, а кога е во опозиција се неформални. Верушевски е константа во сите скандали. Па дури и кај мене во моето студентско полициско досие го пронајдов во документ потпишан..  Можеби е време да се посвети државата посериозно кон овие структури и да ги расчисти темелно лицата кои исполнуваат услови да бидат лустрирани.

ПРЕС24: Има ли капацитет сегашното раковдство на партијата да излезе победник во оваа, се појасна, битка со политичките инсталации на тајните служби во Македонија?

ПЕТРОВСКИ: Има. И тоа и се прави. Со оваа битка им се испрати јасен сигнал на разузнавачите и контраразузнавачите дека шпионските мрежи се прозрени и дека државата има капацитете да се одбрани.

ПРЕС24:  Неодамна го оценивте однесувањето на лидерот на опзоцијата, Зоран Заев како однесување на рането живтно. Дали како што одминува времето Заев и СДСМ губат од суштината на аферата со која тргнаа да ја рушат власта и која би била кулминацијата на однесувањето на опозицијата?

ПЕТРОВСКИ: Заев има една цел а тоа е дестабилизација на Македонија. Преку таа дестабилизација смета да се добере до властта. Они мошне добро знаат да работат во такви ситуации. Да се потсетиме на 2001 кога не дозволија да се прогласи воена состојба и да и се даде на армијата право да се пресмета со аргесијата која беше диригирана од Косово. А во исто време беа во постојан контакт со УЧК. Постојат сомненија за редовни средби во странство од тоа време на врвот на СДСМ со УЧК. А една од актерките и денеска е мошне активна и секогаш блиску до Заев.

ПРЕС24: СДСМ бара политичко решение на кризата, па потоа право. Се позивесно е дека правната расврска ќе биде веројатно основа на идната политичка разврска на настаните. Ако досега не се исполнија најавите на Зев дека Груевски ќе поднесе оставка по третата бомба, тогаш можно ли е повлекување на Заев ако ситуацијата заврши без посакуваниот резултат на Заев?

ПЕТРОВСКИ: Заев е човек што свесно ја креираше оваа состојба. Тој иако досега лаже, знае дека овие материјали се од странски служби на кои не им е цел тој да е на власт, туку Македонија да е нестабилна постојано и подложна на што поизразени исполнувања на вољата на странски елементи. Од таа гледна точка Заев, бидејки не успеа со дестабилизацијата полека полека останува на чист и бришан простор каде што се видливи намерите. Едноставно е деконспириран. Казната ќе биде болна за него и неговото опкружување кое исто така доброволно се вклучи во овој процес кој е надвор од законите на државата.

ПРЕС24:  Она што веројатно треба да загрижува од целата оваа состојба, но нешто што изминативе неколку години добива се поголем замав е омразата која се шири и изразената поделба на граѓаните. Опозицијата ја обвинува власта за ширење на омраза, но во реториката на опозициајта не се разликува воопшто. Кој во Македонија го храни говорот на омраза?

ПЕТРОВСКИ: Па ова е лесно прашање. Видете ги само мегафоните на СДСМ и соросоидите каква зборови и квалификации користат. На прес конференциите на СДСМ новинарите кои не мислат исто како нив се изложени на шиканирање и омаловажување. Не е далеку денот кога ќе ги тепаат. Нешто како што делува фашистичката Златна зора во Грција.  Видете го и најновиот кооперант Стојанче. Неговите закани се неумерени и несвојствено за политичко делување. Ме чуди што досега не му поднеле кривични пријави тие што ги примија заканите.

ПРЕС24: Кому му е од корист дестабилизација и состојба на тотална поделба на општвото?

ПЕТРОВСКИ: На Грција. Ако Македонија потклекне ќе има послаба позиција во преговарањето и буквално ќе биде сервирана на тацна. Со тоа во прашање се доведува и идентитетот и јазикот и целосната наша посебност воопшто. Да ве потсетам дека Заев отворено најави дека треба да ја свиткаме кичмата. Можеби како последица на тоа дојде наградата во вид на хациенда на Халкидики?

ПРЕС24: Многумина оценуваат дека дестабилизацаијата на Македониај е долгорочен проект на опзицијата. Слична беше состојбата и во периодот од 1998 до 2002 кога ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на власт. Деновове честопати се зборува за немање демократија, тоталитариза, а ретко кој се сеќава дека истиот речник, истата реторика на критичарите на власта беше и во 2002 година. Во што и кога се појавува проблемот. Во тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, или во тоа што СДСМ е опозиција?

ПЕТРОВСКИ: Проблем е што ВМРО е на власт. А не СДСМ. Имено наследниците на партизаните имаат во себе една карактеристика која успешно ја кријат. Имено, тие сметаат дека правото на владеење им е наследно. Но, имаат еден проблем. Од децениското владеење го имаат загубено инстинктот за преживување. И се конформирани. Тие и сега би да дојдат на власт ако може од Скопје, од прес конференција, а не од терен каде што има кал и за што треба да се имаат чизми и воља да се гази теренот…

ПРЕС24: Ако некој очекуваше дека со смената на раководството на СДСМ ќе се напушти деструктивната политика, сепак новото раководство на Заев покажува прширување и надоградување на таа политика на партијата. Има ли капацитет СДСМ за напуштање на ваква политика?

ПЕТРОВСКИ: Не, нема. И наскоро тоа ќе биде проблем кој што ако не го отстранат ќе се соочат со историска маргинализација.

ПРЕС24: Господине Петровски од пред некој ден имате нова професионална одговорност. Ќе раководите со државниот ахрив. Една исклучително важна државна институција. Имате ли стратегија за некој вид на рефроми?

ПЕТРОВСКИ: Имам. Се разбира дека имам J. Инаку немаше да се нафатам со оваа работа. За жал прерано го загубивме Зоран Тодоровски кој остави неизбришлива трага во оваа институција. Предизвикот е дотолку поголем затоа што го наследив токму него. Оставете ми малку време, резултатите сами ќе говорат.

ПРЕС24: Ќе се обидете ли да воспоставите некој вид соработка со останатите архиви во светските центри од кои може да се црпат документи за македонската историја?

ПЕТРОВСКИ: Секаде каде што има македонски документ ние ќе појдеме. Ќе ги употребиме сите алатки кои ни се на располагање за да дојдеме до истите. Архивот е една од вијугите во колективното сеќавање на македонската нација и жителите на Македонија. Во процес сме на обновување на некои договори за меѓудржавна соработка и на потпишување на нови. Јавноста ќе биде известена за се што ќе се случува благовремено преку средствата за масовно информирање, но може да го посетат и нашиот сајт.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови