Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Филип Петровски и Јанко Бачев.
Драги сограѓани песимисти и оптимисти, поблиску или се подалеку сме од реформскиот финиш, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Филип Петровски и Јанко Бачев.
СДСМ и ДУИ ја договорија новата Влада, Алтернатива и Алијанса се лутат, по што новиот состав се разликува од претходниот?
Раскол или „џек-пот“, по што ќе ја памети ДУИ оваа 2020-тата година, наместо да оди во опозиција?
Стабилна или стаклена влада, чува ли Заев „ас во ракавот“ за носење двотретински закони?
Ќе има ли промени во раководството, оставка на Мицкоски или внатрепартиски реформи, што му недостасува на ВМРО-ДПМНЕ?
Меници, премини и пазарења – дали целта и натаму ќе ги „оправдува“ средствата, вечерва во Само Вистина со Филип Петровски и Јанко Бачев, на Канал 5 Телевизија.
https://www.facebook.com/watch/?v=334268801069975