Отворена порака до моите сопартијци пратеници (сите на куп, оние на Мицко, независните и избрканите). Добро да размислите за името на Македонија, за АСНОМ и нашиот идентитет што сте тргнале да го менувате. Како што гледате КАМШИКОТ не простува. Партијата ја демонтираат до последна цигла. Имаме затворени, обвинети, пребегани, рочишта, судени…
Како што можам да забележам и да гласате за ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ утредента пак може да ве однесат во затвор. Само што ако не гласате ЌЕ СТЕ ХЕРОИ, а ако гласате ЌЕ СТЕ ПРЕДАВНИЦИ и ИЗРОДИ кои народот ги проколнал и отфрлил.
#ИмаРазлика и сега и во вечни времиња.
И вие тоа добро го знаете. Знам дека сте на тивок оган. Дека ви е тешко. Дека е пеколно време. Но, на мака се познаваат јунаците. И се раѓаат херои. Издржете, народот ќе ве опее во песни. Ќе се сеќаваат на вас сите идни поколенија. Да живее Македонија. Вечна Македонија.
https://www.facebook.com/filip.t.petrovski/posts/2276100975957095

