Едицијата „Црните страници на УДБА“ во четвртокот беше промовирана и во Охрид. Повторно, преполната сала е доказ дека интересот на народот е се поголем, а наспроти него опозицијата се уште молчи. Во публиката, или директни жртви или наследници на оние чии животи биле уништени. А такви ги има премногу. Конципирана во 9 тома, оваа едиција содржи само 2 проценти од она што Државниот Архив го чува во своето депо на оваа тематика.
Пред насобраниот народ, директорот на Државниот Архив, д-р Филип Петровски, уште еднаш посочи дека врбувањето на лица кои работат против македонските интереси се води според тоа како да се искорени ВМРО како поим, од битисувањето на Македонија во историјата, но и денес.

Преку 130 илјади луѓе биле мета на тајните служби и имале лични досиеја. Тоа се над 10 проценти од целокупното население на Република Македонија. За жал, денес од нив имаме само 15 илјади досиеја. Главното прашање што се поставува е каде се другите, кој ги уништил и зошто. Одговорот на причината за постоењето на оваа комплицирана машинерија е да го снема македонскиот народ, да се избрише името, културата, историјата, народот.
Црните страници опфаќаат уништени македонски судбини на македонските херои кои што чекаат да бидат запишани со златни букви во македонската историја. Овие томови докажуваат дека Македонецот има јасна мисла, желба и знаење што прави кога зборува за сопствена македонска држава од Илинденското востание, и пред тоа, од формирањето на историското ВМРО, но и пред тоа. Таа идеја доаѓа како последица на многу напори, енергија, време и жртви.
Петровски, како директор на Државниот архив е остар во намерата по секоја цена да ги објави овие документи. Тие не се ревидирани, па според тоа не може да се каже дека е направена печатна грешка. Тие се оригинални и покажуваат каква е линијата на профилираниот антимакедонец, Коте од Руља или удбаш.
Тука е и феноменот на молкот на опозицијата. Опозициските портали молчат, и мислат дека со својот молк ќе го негираат постоењето на оваа едиција. Но, интересот на народот се гледа од огромната излезност на секоја промоција на оваа едиција, а тоа не може да се избрише.
Презентиран е прашалникот за ревизија на лично досие 27 мај 1969 год. Николовски Љубе Борислав. Тој е ставен во категорија пишувач и растурач на летоци со пароли во вид на честитки на кои имало втиснато карти во етничките граници на Македонија и парола „Да живее ВМРО“, со потпис „Автонимна Македонија“. Петровски прашува: „За ова ли треба да биде уништена една македонска судбина?“. Формирани се и досиеја за напишана поезија за родната татковина.

Оттука, јасно е дека лицата кои кодошеле биле ангажирани со цел да го уништат идеалот за независна и посебна и обединета Република Македонија.
Борците за ослободување на Македонија немале никаква намера да бидат дел од Југославија. Затоа, на сите групи кои размислувале поинаку им се отвора досие, и има масовни ликвидации, како познатиот случај со ликвидацијата на струмичките студенти, но и многу други, помалку познати случаи. Направен е еден вид на хируршки рез: Македонското револуционерно движење е масакрирано во Срем, а на оние кои се преживеани не им е ни дозволено да се вратат во Македонија, туку се населени во Војводина. Организаторите мислеле дека ова е доволно за да ја втераат Македонија во Југославија, но идејата за посебна Македонија НИКОГАШ не завршува.

1100 досиеја од Голи Оток што би требало да се во Македонија ги нема, но Петровски никогаш не се откажа во намерата да ги најде. Објави среќна вест, дека ги најде тие досиеја во Хрватска, и вети дека ќе ги донесе во Македонија и сите ќе ги објави.
Петровски продолжува: „Има две линии-Оние кои се прогонувани, затворани, убивани, а втората линија е македонската емиграција, која е киднапирана, во која има неразјаснети политички убиства за кои никој не одговарал, со единствена цел да се направи дисконтинуитет од вмровската идеја“.

Осмиот том е клучен бидејќи ги содржи обидите за растурање на ВМРО-ДПМНЕ, и го покажуваат континуитетот во следењето на македонските патриоти од претставниците на УДБА од тоа време, денес замаскирани како политички активисти, како Слободан Богоевски, Павле Трајанов и Иван Бабамовски. Во овие книги јасно се гледа дека тие се наредбодавци. Истите тие денес ја форсираат идејата дека не постои ВМРО и дека денешната идеја не е иста со онаа од минатото. Но, сакајќи да го поништат, всушност го признаваат континуитетот на семејствата што се пренесуваат од колено на колено.

Државата се уште не е сигурна со оглед на последните случувања, односно на тоа дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, сака двојазичност и федерализација. Споменати се и платените движења од странство во облик на „шарени револуции“. „Очигледно е дека македонското револуционерно дело се уште е нападнато. Но, борбата не е завршена: Имињата на сите кои сакаат да ја уништат идејата за Македонија ќе останат запаметени!“, порачува Петровски.

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови