Во недела во 22 часот во емисијата Во Центар, која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov, ќе биде емитувано интервјуто со Филип Петровски.

Интервјуто е во траење од сто минути и изобилува со ексклузивни материјали и информации. Голем дел од информациите ќе бидат за прв пат презентирани пред македонската јавност. Слободно може да се каже дека станува збор за интервју какво во последните неколку години не е емитувано во македонскиот етер.

На почетокот на интервјуто Филип Петровски вели дека во овој момент Антонијо Милошоски е човек број еден во ВМРО ДПМНЕ и дека тоа е дел на тоа кичевско удбашко крило во партијата. Дел од тоа крило според него е и семејството на сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Според Петровски ни Мицкоски ни Молошоски нема да бидат уште долго на чело на партијата бидејќи Никола Груевски работи на инсталирање на сегашниот Потпретседател, Александар Николоски да биде идниот лидер на опозицијата.

Николоски, како што вели, Петровски веќе прави коалиција со моќни медиуми и новинари, како и со дел од тајкуните блиски на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат во лидерската битка за тронот на партијата.

Николоски е производ на Груевски, вели Петровски и беше избран да биде Претседател на младината на ВМРО ДПМНЕ по оставката на Игор Гиевски кој, според него, сега ги води бизнисите на Мицкоски.

Ова е само најава на интервјуто со Филип Петровски кое ќе се емитува во недела во 22 часот во емисијата Во Центар.

Васко Ефтов и Филип Петровски, пред снимањето на емисијата ВО ЦЕНТАР

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови