Еве нешто од моите истражувања. Песнава што ја објавувам е отчукана на машина пред повеќе од 60 години и е дел од Збирка на изворни борбени и народни песни од Егејска Македонија. За жал оваа збирка никогаш не е отпечатена.
За среќа е сочувана и од сега е достапна за користење, проучување и секако за спомен, и како доказ за едно време. Кое не може да се избрише.

Денеска оваа песна е насловена како Нешто ќе те питам бабо и е мошне популарна. Но е и изменета и отстапува од оригиналниот запис кој може да го консултирате погоре.
Не се споменува Тодор Александров, туку пет векови ропство на Македонија.