Мислења

На денешен ден пред 75 години (23.07.1942) во Софија е стрелан македонскиот револуционер и поет Никола Јонков Вапцаров

Никола Јонков Вапцаров

„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

—Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938

Десетина минути пред да биде изведен од затворот и стрелан, големиот Македонец од Пирин пишува две песни – „Проштално“ и „Претсмртно“.

„Проштално“ посветена на неговата жена, а „Претсмртно“ на неговиот народ – Македонците.

ПРЕТСМРТНО

Борбата е безмилосно жестока
борбата викаат е епична
Јас паднав, ќе ме смени друг и толку
Што тука значи некаква си личност?

Рафал, и по рафалот црви
Тоа е толку логично и грубо
Но в бурата ќе сме пак со тебе мој народе
затоа што те сакавме

ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СИН!


Следете ме на овие социјални мрежи