Избор од ВЕБ

Потекло и образование на Апостолот на Македонската Револуционерна Организација – ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Гоце Делчев, апостолот на МРО

Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23.01. /4.02. 1872 год. како  прво машко дете на Никола Делчев и Султана Нурџиева. Во учебната 1879/80 се запишал во унијатско училиште, а потоа се префрлил во егзархиско. Уште во основно училиште се одликувал со големи умствени способности.

Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23.01. /4.02. 1872 год. како  прво машко дете на Никола Делчев и Султана Нурџиева. Во учебната 1879/80 се запишал во унијатско училиште, а потоа се префрлил во егзархиско. Уште во основно училиште се одликувал со големи умствени способности. Во учебната 1886/7 год. го завршил третиот клас од прогимназијата во Кукуш со солиден успех. Сакал да го продолжи своето образование, но на ова се спротивставувал татко му Никола кој сакал син му да го наследи во гостилничарството. Почнал да работи како чирак во бакалницата на Христо Балакџиев. По една година се запишал во солунската машка егзархиска гимназија, која била отворена во учебната 1880/81. Есента 1888 год. Гоце тргнал за Солун. Солунската машка егзархиска гимназија претставувала центар на револуционерни бранувања. Учениците пружале отпор на наставата на  бугарски јазик и  барале да им се предава на домашен македонски дијалект. Прва таква побуна се случила во учебната 1882/83 год. Меѓу организаторите на бунтот биле Ѓорче Петров и Пере Тошев.

Во учебната 1888/89 год. Гоце се запишал во IV клас гимназија. Бил солиден ученик. Го привлекувала математика, а солидно го владеел и турскиот јазик. Во слободно време читал книги. Се дружел со најтелентираниот ученик Јордан Николов. Бил заинтересиран за филозофско-историската, револуцинерната и природно-научната литература. Посебно се восхитувал на Христо Ботевата револуционерна поезија. Бил обожавател на делото на „Св Кирил и Методиј“.

Наставата започнала во првата половина на септември. Класот во кој учел Гоце броел 40 ученици. Бил добар по математика а го знаел и турскиот јазик благодарение на учителот од Кукуш Христо Бучков. Математиката ја знаел заради професорот Благој Димитров.

Во април 1888 год, на свеченоста п

осветена на роденденот на султанот Абдул Хамид II, кога сите викале да живее султанот, тој извикал „долу султанот“. Тој извик поминал незабележително и скандалот бил избегнат.

повеќе на: Гоце Делчев


Следете ме на овие социјални мрежи