Мислења

Само народот може да им ги помати сметките на ВРАГОВИТЕ на Македонија! И ќе ги помати!!

Како што гледам и како што гледате на сцена е ОТВОРЕНО РАЗНЕБИТУВАЊЕ на Македонија кое не сме ни сонувале дека може да се одвива со ваква брзина, пресметаност и ароганција. Се разбира од секогаш знаевме дека албанското малцинство си има јавно истакнати планови за создавање на Голема Албанија и на тие планови си работат катадневно. 

Филип Петровски на протест пред Владата на РМ

Во повеќе прилики сум зборувал и пишувал за тие планови. Да потсетам дека уште во мојата прва книга од 2002 година со наслов „За НАС“ која ја напишав непосредно по војната од 2001 година го опишав ова.

Еве само мал извадок: „Склон сум со голема сигурност да одговорам дека нема ниту еден процент на случајност во “војната во Македонија”, во 2001 година. Оти секој што сака да има основна ориентација во животот знае дека во политиката, во сите државни, посебно во сите големодржавни проекти е инволвиран Ум. И тоа Ум на илјадници луѓе, Ум на генерации и генерации потребен за да се создаде и објави идеја. Ако ја прифатиме оваа аргументација таквата поставеност на работите го исклучува како можно објаснувањето на случувањата како резултат на случајност. Ако дозволите би го исклучил и објаснувањето на нештата со потпирање на семоќните сили и боговите, оти, се надевам, надмината е таа фаза на примитивно суеверие кај нас. Освен ако не сакате да ги лоцираме боговите тука на земјата, можеби во некој егзекутори на новиот светски поредок!?
Повторно доаѓаме до прашање, ново прашање, наредно прашање: “Каков Ум?”, кое што е поврзано со прво поставените прашања, зошто сега и токму на нас. Одговорот е многу прост и е во тесна врска, релација со дефиницијата на создавањето на државата. Било која држава. Ако така се постават прашањата, малку се разгледа во историјата одговорите сами се нудат. Ќе речам во стилот на настапите од парламентарната говорница: “Одговорите се тука, сакате ли да ги видите?”.
Болката што во себе ја носам од целото наше македонско проклетство, се зголемуваше повеќекратно секој пат кога ќе ми станеше јасно, на секоја наредна седница, дека сето тоа никако не сакаше да се прифати, кога многумина замижуваа (намерно или несакајќи) пред толку видливиот Проект. Секоја наредна седница истото! Наведната глава, сабја не ја сече.
Можеби навистина постои “македонски синдром на самоуништување”, можеби е во прашање некакво проклетство, но навистина беше жално да се гледа игнорирањето на вистината, игнорирањето во име на некои повисоки (партиски) цели. Никој не сакаше (со чесни исклучоци) да ја види стратегијата на Умот, која што се откриваше, прикажуваше со целата нејзина можна грдост.
Голема Албанија, Проект толку јасно испорачан, на сите нас, од сите Албански учесници во македонската политичка арена. Замислен пред сто дваесет и три години во Призрен, поставен како долгорочна и обврзувачка стратегија. Потврдуван и препотврдуван, за да не се заборави, оти некои работи се забораваат во време на само една генерација. Последен пат потврден во времето на нашата генерација, минатата година, исто така во Призрен за да ја зајакне симболиката и потенцира решеноста, овој пат, еднаш-засекогаш да се оствари. Додека македонските синови гинеа по најновите македонски фронтови, од падините од Шар планина, подножјето на Тетово, околината на Скопје, до предградијата на Куманово, Џафери, Имери и Ахмети потпишаа заеднички документ во Призрен и испорачувајќи ни го, јасно ни ставија до знаење дека сметаат оти е дојдено времето да го реализираат вековниот сон на Албанците, голема Албанија, која што ги вклучува териториите на Македонија од Куманово, Скопје, Велес, преку Прилеп и Битола се до Охрид.
Зошто тоа никој во Македонија несакаше да го види останува за мене енигма на која што не можам да си одговорам. Синдром?“

Она што не успеаа да го завршат со војна во 2001, кога не смееја да сонуваат дека ќе официјализираат јазик со само 15 проценти популација, денеска го направија без проблем. Нашите пратеници дигнаа бело знаме. Сите 100 од нив. Да, да цела стотка. Дваесет пратеници ги влечат за нос 100 пратеници и ги третираат како мали деца. Па една пак од нив Ременска вели дека била од денеска и Албанка и Турчинка и се по ред. Но про форма говори и дека е Македонка. Затоа и одговорив на твитер, на истата таа платформа заради која што добив за твит КРИВИЧНА ПРИЈАВА од Уранија Пировска (да видиме дали и сега ќе добијам)… 

Ремеска како антимакедонка. Антихерој на МАКЕДОНЦИТЕ.

Да се вратам на она што ми беше основната идеја. 100 „наши“ пратеници помножени со нула. Соучесници во уништувањето на Македонија. И мува не ги лази. Е нема да може. Народот се крева. Дијаспората се крева. Ќе ви суди народот за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. Оној ист народ што го фрливте по зандани, што се обиде да го спречи ДРЖАВНИОТ УДАР. Оној ист народ што го заплашувате дека повторно ќе го апсите.

Ќе се крене. И ќе биде бура. Ќе падне овој ПРЕДАВНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ. Нема да успеете да го смените името. 

Туку, на крај, да си прашам, зошто молчат „нашите“? А? Од што се плашат? Меници? Дека нема више да бидат пратеници? Па малку ли ви е беше? Некои и по 12 години сте внатре? А по што ќе ве памтат? По ДВОЈАЗИЧНОСТ, по АМНЕСТИЈА НА ВОЕНИ ЗЛОСТОРИ, по пеење ПУЧ, ПУЧ, богами и по дневниците, патните трошоци… 

Редно е сите да си одите. Со сосема мали исклучоци. Не за друго, туку дека ве множат со НУЛА и вие сте НИЧИИ ПРЕТСТАВНИЦИ!

Следете ме на овие социјални мрежи