Мислења

Откачена политичка елита

Влегувањето во конфронтација со држави кои не признаваат со уставно име и со ништо не не негираат, на сметка на умилкувањето на држави кои со сета сила не негираат, не ни го спомнуваат името, не стискаат да го промениме идентитетот и да се преозначи јазикот за мене е рамно на ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. 

Филип Петровски на Мечкин Камен

За жал целокумната политичка елита во парламентот (десно и лево, со мали чесни исклучоци кои допрва треба да се докажат) е ЦЕЛОСНО КОМПРОМИТИРАНА. 
Во 1999 го признавме (по нарачка) Тајван со што добивме вето од страна на Кина во Совет за безбедност на ООН за мисијата која ни ја чуваше северната граница и ни гарантираше безбедност. Тоа беше увертира во војната во Косово и во војната во Македонија. Границата беше отворена за инвазија од КЗК. Со таа војна загубивме дел од суверенитетот и беше нагризана АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА.
Оваа година со конфронтациите кои само ги правиме влегуваме отворено НА ЛИНИЈА НА ОГНОТ, според, ми се чини повторно добро испланирано сценарио. Жал ми е да кажам но нашите политички елити се АБДАЛИ кои свесно или несвесно вршат НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО од незамисливи размери. 


Цената ќе ја плати народот.

Следете ме на овие социјални мрежи