Мислења

Кога ПАРТИТУТКИТЕ маршираат!

проституки/партитутки

А што е па сега ПАРТИТУТКА? Па просто, тоа е проституиран амбициозен член на партија. Проституиран за се и сешто. Го корумпирале за послушност, за аминување, за некое идно унапредување. Сеедно што дометот, волуменот и капацитетот не му се ни одблиску на ниво. Но, со согласноста да стане партитутка веднаш се квалификува. Детето ќе слуша. Бизнисот ќе оди. Да, да бизнисот, оти како такви ги сметаат врхушките партиите. Ги посакуваат тие височини за да го контролираат буџетот со кој лесно се создаваат ПАРТИТУТКИ, а од рестото се станува МИЛИЈАРДЕР.

Со паѓањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ голем дел од врхушката (сегашната и претходната се во 99 проценти ист состав) западнаа во криза на идентитет. Секнаа изворите на финансирање на партитутките, робовите (како што сум чул дека членовите ги викаат) и проститутките. Секнаа телефоните, репрезентациите, тендерите… еве сега гледаме полека, полека како се доделувале тендерите. Си ги знаете примерите да не ви ги посочувам. Тоа доведе до внатрешна криза од невидени размери. Како сега да се задоволи огромниот број на ПАРТИТУКИ кои со текот на годините се намножија, а апетитите им нараснаа до небо. 

Идентитетската криза е сеуште во голем замав и голем дел од врхушката не може да разбере, да се помири дека не се на власт. Оти немаат идентитет пред доаѓањето на ВМРО на власт во 2006 година. Се на што се сеќаваат се овие последни 11 години оти во тој период влегле и се запознале со „убавините“ на политиката. И сега имаат потешкотии во прилагодувањето. Од друга страна ПАРТИТУТКИТЕ се гладни. Бараат сега и веднаш. Од тие причини се воведоа ИЗМИСЛЕНИ ФУНКЦИИ. Заменици на заменици на помошници, копретседатели на комисии (по 10 во една комисија) (иако копретседател, самата етимологија на зборот значи еден плус еден) и слично…

Секој што можеше да дигне глас е замолчан со измислена функција. Слушам најавуваат и нова деновиве – асистент на делегатот на Конгрес. Бап. Нови 500 функции. Така што бајпасот сега за сега е успешен оти ПАРТИТУТКИТЕ не се свестија дека се покриени со виртуелни функции. И тоа може да трае уште некое време. За секој случај за да не се дигне глас мора да се најавуваат предвремени избори на секои три месеци. Прво лани веднаш по падот се најавуваше за септември 2017та, па потоа малку се помести за пролетта оваа година. Сега пак, затоа што партитутките се покриени добро се помести уште малку за есен или наредната пролет. Мирот е обезбеден.

проститутки/партитутки

Има само еден проблем. Членството НЕ ПИЕ НАФТА!

 

Следете ме на овие социјални мрежи