Мислења

Во десет реда кажано се за ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА

Се мислев да пишувам детално за „фингираната“ интерпелација на Мицко. Имаше еден тон елементи кои се фини за да се објасни мизеријата со која се соочуваме како држава и како партија. Па сепак еден статус ме предомисли. Тоа е статусот на Дејан Гавровски. Тој мошне јасно во кратки црти објаснил 1000 пати подобро од мене. Употребил САРКАЗАМ мајсторки и се плашам да не не го разберат АЖУРИРАНИТЕ… Но кој сум јас да им солам памет. Не сум од „трлото“ според нивните „високонаучни сознанија“.

Сарказам за почит

Да не должам многу, следи статусот: Мицкоски е еден автохтон политичар кој при донесувањето на своите одлуки не дозволува мешање на мешетари, западни политичари, и странски амбасадори, па водејќи се од тоа, математички прецизно пресметал дека пратениците во Собрание дел од неговата коалиција, и тие од власта, ќе гласаат по свое лично убедување без никакво влијание од партиските лидери Заев и Ахмети што го докаажа и во изминатиов период кога беа гласањата за договорот со Бугарија и двојазичноста! 
Затоа и повеќе од веројатно е дека вечер СДС паѓа! А вие што не го почитувате Анјташн во македонската политика,и не ги поддржувате неговите одлуки, (на Мицкоски мислам) донесени со научна мисла,сте предавници, не ажурирани, работите за СДС и против Македонија хехехе! 
Луд јебе збуњенога!

*

Затоа и повеќе од веројатно е дека вечер СДС паѓа! Верувате во ова нели?

Јас имав еден твит пред некој ден. Ќе го додадам чисто како илустрација. И поради историчност. Оти се е ова историја…

Попивте дневна доза НАФТА?

И на крај како додаток уште еден прецизен и остар статус:

За протест за Име те нема,

за рушење на Споменик пишуваш соопштение,

за законот за јазици ти фрлаат амандмани во канта ти на прес конференција најавуваш конструктивност за реформски закони,

прават штетен договор со Бугарија повторно соопштение,

катастрофално здраство соопштение,

кататрофално судство соопштение,

тортура врз бранителите соопштение,

напаѓаат деца на улица соопштение!

И има скоро во секое соопштение една реченица Кога ќе се вратиме на Власт! Како да се сака со тоа да се држи членството во верба кај и да е пак ќе лапаме ќутете си!

Ручки од тупан Мицкоски ќе лапате! Само ти сањај кабинет!

Ручки од тупан Мицкоски ќе лапате!
Следете ме на овие социјални мрежи