РЕЦЕНЗИЈА НА КНИГАТА

„МИСЛЕЊА“ ОД ФИЛИП ПЕТРОВСКИ

          Во делото со наслов „Мислења“ се поместени текстови на Филип Петровски кои континуирано се објавувани како колумни во дневните весници, а потоа преобјавувани и во електронска форма. Досега Филип Петровски се појавувал пред читателската публика како колумнист во списанијата Завет, Фокус и Дневник, Вечер и Утрински весник. Има објавено околу 200 текстови и колумни.

Како дипломиран филозоф и магистер на меѓународно право и политика, Филип Петровски се занимава со темите од политичкото секојдневие, кои ги изнесува на начин кој поттикнува натамошна размисла кај читателот. Поради пристапот кој е изберен при подготвока на оваа книга, таа е погодна за запознавање со многу настани од општествениот живот, секако низ призмата на Филип Петровски.

Досега, Филип Петровски ги има објавено следниве книги:

1. „За нас“, Македонска книга, Скопје, 2002

2. „Уште еднаш за нас“, Панили, Скопје, 2006

3. „Анти-блог за Филип Петровски“, Аквариус Пет, Скопје, 2008

          Сметам дека поддршката за издавањето на книгата „Мислења“ од Филип Петровски е од големо значење за афирмација на критичката мисла кај пошироката читателска публика. Рецензент Венко Андоновски

! РЕЦЕНЗИЈА – Венко Андоновски

Филип Петровски: Мислења 2007-2008 (цела книга)

Ѕвонко Јанкуловски: Брутално разголување на политиката

Цената на слободниот интелектуалец

Следете ме на овие социјални мрежи

Филип Петровски

Македонски политичар, воен ветеран, библиотекар, колумнист, хроничар, коментатор, архивист, конзервативец, десничар и универзитетски професор.

поврзани текстови