Д-р Филип Петровски
Роден во 1972 г., во Куманово Живее во Скопје.

 

Образование: Доктор по Политички науки

 

Професионална кариера

  • Директор на Државен архив на РМ. 2015-2017;
  • Заменик Генерален директор на Државна Лотарија на РМ. 2012-2015;
  • Директор на градска библиотека Браќа Миладиновци, 2005-2011;
  • Генерален Конзул на РМ во САД, 2001-2003;
  • Пратеник во Собранието на РМ, 1998-2001.

 

Партиски функции

  • Претседател на политичка партија Демократска десница, 2011 – 2012;
  • Координатор на политичката академија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Дипломатски работи и меѓународна политика”, истовремено и еден од предавачите, 2005 – 2006;
  • Секретар на Комисија за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, 2003-2006;
  • Претседател на Комисија за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, 2001
  • Член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, 1997 – 2002;
  • Повремен колумнист во гласникот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Завет 1997 – 1999;
  • Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997 – 2000;
  • Шеф на кабинет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, 1997;
  • Потпретседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, 1997;
  • Член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995, истовремено секретар за надворешни работи.

 

Членства во организации

  • Редовен колумнист во дневниот весник „Утрински Весник” 2007 – 2010 и Повремен колумнист во дневниот весник „Дневник” 2004 – 2005 и 2010-2011;
  • Коорганизатор со Срѓан Керим на изложбата „Луѓе кои го сакаат Њујорк”, одржана под покровителство на Музеј на Град Скопје 2006;
  • Доживотен член на меѓународната бизнис заедница на Њу Џерси 2002;
  • Учесник во одбраната на татковината во полициските резервни сили, ангажирани во Јегуновце, Тетовско, присутен на сите фронтови 2001;
  • Претседател на партиската комисија за надворешни работи по договор и овластување на Борис Трајковски кој во тоа време беше Претседател на Република Македонија 2001
  • Предавач на експерименталната програма ПЕКСНАС на тема политички систем, 2000
  • Претседател на МКФ (Македонска Карате Федерација), 1999 – 2001
  • Член на управен одбор на кошаркарскиот клуб – „Годел Работнички”, 1998 – 1999
  • Претседавач на комисијата за млади на ЦЕИ (Централно Европска Иницијатива), 1999 – 2000
  • Од страна на повеќе студенти е промовиран за кандидат за Претседател на Сојузот на студентите на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, но поради јавното признание за членство во ВМРО-ДПМНЕ е оневозможен процедурално воопшто да стигне до гласачки ливчиња, 1996 – 1997