ФПФилип Петровски

Ова е статус на Петровски напишан 24 часа пред судирите во „Белата палата“. Убаво се предвидени и демаскирани настаните што потоа следеа…
Што ти е карма. Пред 10 месеци во казино во Гевгелија, вечерта пред „гласањето“ на Фолк Фест Валандово се славеше изборот на #Жмицко од страна на антуражот на Мијалков. Ние поупатените (што сме виделе конгреси и конгреси) знаевме дека утредента се ќе биде само фарса… И би…
На 2 јуни, ако се сеќавате на митингот што беше најавен во март, ама за мај, #Жмицко беше радосен. И Сашо исто. Се лиферуваа слики од клуб каде се одвивала забава по митингот со Мартин, Ивица… Здивнаа за момент. Успеаја да создадат привид дека членството го „сфарило“…Господе Боже на што се сведе партијата.
И сега дојде време да го симнуваат. Да се спинуваат вести од двата табори и тоа крвнички. А Груевски се спрема за затвор. И други. Некои пак само што излегоа од затвор… за да ми сменат вековно име…
Господе Боже на што се сведе партијата.

Првпат објавено на Пулс24, 23.10.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.