Од архивата: Една маса, четири приказни

2005 година, Дипломатска академија на ВМРО-ДПМНЕ: Жељу Желев, Никола Груевски, Љубиша Георгиевски и јас на иста маса. Фотографија со историска димензија.
Од архивата: Кога народот на Фејсбук гласаше за претседател

Февруари и март 2019: две анкети на Фејсбук, над 10.000 гласови и една порака што анкетите во медиумите не ја кажуваа.
Промоција за доктор на науки, 2010

Во 2010 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бев промовиран за доктор на политички науки. Докторската дисертација ја посветив на колективната безбедност во 21 век, тема со која почнав да се занимавам уште на магистерските студии по меѓународна политика. На промоцијата за доктор на науки, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2010. […]
Документи за Македонија во Шведскиот државен архив, 2015

Во декември 2015 година, како директор на Државниот архив на Република Македонија, работев во Шведскиот државен архив (Riksarkivet) во Стокхолм, каде што истражувавме документи поврзани со Македонија. Не пречека шведскиот државен архивар (riksarkivarie) Бјорн Јордел (Björn Jordell), кој ја водеше институцијата. Материјалите ги прегледувавме во депото, меѓу ормарите со ознака „Sveriges krig“ (Војните на Шведска). […]
„Ни залепија етикета дека сме против Албанците“ — моето интервју за „Дневник“, февруари 1997

Пред речиси триесет години, на 22 февруари 1997, „Дневник“ го објави ова интервју со мене во рубриката „Форум“, на 12. страница. Разговорот го водеше Бранко Героски. Имав 24 години, бев апсолвент на Филозофскиот факултет во Скопје и неформален водач на студентските протести против Законот за Педагошкиот факултет, со кој се воведуваше настава на албански јазик. […]
Уверение за избор на пратеник, 13 ноември 1998

Денеска, на 13 ноември, се навршуваат 28 години од денот кога Државната изборна комисија ми го издаде уверението за избор на пратеник во Собранието на Република Македонија. Го чувам во мојата архива и сметам дека му е местото тука, бидејќи и тоа е дел од историјата. Уверение за избор на пратеник по листи на кандидати, […]
ДИКТАТУРАТА НА ПРОСЕЧНОСТА

Како институциите ја произведуваат сопствената неспособност Постојат општества во кои човекот се плаши да биде послаб од другите. Но постојат и такви во кои почнува да се плаши да биде подобар. Во првите, неуспехот носи срам; во вторите, успехот предизвикува сомнеж. Оној што знае повеќе мора да објаснува зошто се издвојува, оној што работи […]
Брутално разголување на политиката – рецензија од Професор Ѕвонко Јанкулоски

Она што е карактеристично, како генерална оцена за книгата е современоста и актуелноста на темите кои ги обработува авторот во своите колумни… Во нив може да се забележи висок степен на аналитичност во коментарите за меѓународните сотојби и нивно поврзување на Република Македонија – поточно нудење опции за тоа како Република Македонија да се позиционира […]
ЕПИДЕМИЈАТА НА ПРИВИДОТ

Кога човекот станува сопствена реклама Филип Петровски Некогаш човекот се трудел да остави нешто зад себе. Денес сè почесто се труди да остави впечаток. Во таа навидум мала разлика се крие една од најзначајните преобразби на современата цивилизација. Живееме во време во кое речиси сè може да се прикаже, но сè потешко се разликува она […]
„50 совети за живот на мојот тинејџер“ – книга за децата, но и за родителите

Оваа книга почна како обраќање кон мојот тинејџер. Додека ги пишував советите, сфатив дека им се обраќам и на родителите. Затоа и насловот има продолжение: „…но и за родителите што имаат тинејџери“.
„Нескршлив ум“ – менталната сила не е дар, туку навика

Сите познаваме по некој човек кој паѓа и станува, кој губи и продолжува, кој не се распаѓа кога другите се распаѓаат. Често мислиме дека таквите луѓе се родени такви. „Нескршлив ум“ тргнува од спротивното: менталната сила не е резервирана за неколкумина избрани. Таа се учи.
„Загубената љубов на Марија“ – почеток на една македонска сага

Солун, 1909 година. Андон Лазов Јанев има дваесет и три години, нов капетански чин на трговскиот брод „Пелагос“ и еден завет. Ноќта пред тоа, во чамец под Света Гора, тој и Марија си ветиле дека секогаш ќе се гледаат такви какви што се.
„Заѕидана во барок“ – трилер за градот изграден врз лаги

Скопје не спиеше. Скопје се гушеше.
„Еретичка приказна“ – новела за човекот што ги пишува лагите

Секоја власт има човек кој ѝ ги пишува зборовите. Ги смислува фразите што министрите ги рецитираат како свои, ги крои спиновите и одлучува што народот ќе гледа утре наутро. Во „Еретичка приказна“ тој човек се вика Марко.
„Олово во коските“ – трилер за воздухот што го дишеме

Секоја зима ја гледаме истата слика: магла над котлината, маски на лицата, апликации што светат во црвено. И секоја зима некој ни кажува дека е виновно времето. „Олово во коските“ е книга за тоа дека маглата не дојде од небото. Ние ја изградивме.