„Еретичка приказна“ – новела за човекот што ги пишува лагите

Секоја власт има човек кој ѝ ги пишува зборовите. Ги смислува фразите што министрите ги рецитираат како свои, ги крои спиновите и одлучува што народот ќе гледа утре наутро. Во „Еретичка приказна“ тој човек се вика Марко.
„Олово во коските“ – трилер за воздухот што го дишеме

Секоја зима ја гледаме истата слика: магла над котлината, маски на лицата, апликации што светат во црвено. И секоја зима некој ни кажува дека е виновно времето. „Олово во коските“ е книга за тоа дека маглата не дојде од небото. Ние ја изградивме.
Со „Загубената љубов на Марија“ сакав да напишам хвалоспев на неподелена Македонија
Романот „Загубената љубов на Марија“ е приказна за предавства и за луѓе што заслужиле слава. Но пред сè е хвалоспев на неподелена Македонија.
„Солзите на Јустинијан“ – убиец што го црта Скопје

Во една чајџилница во Скопската чаршија е убиен сопственикот. Под клепката убиецот му остава мала оловна капка во облик на солза, а на подот врежува линија. Скопје ја прима првата солза. И не заплакува.
Цената на слободниот интелектуалец – рецензија од Венко Андоновски

Седумдесет одбрaни колумни од jуни 2007 годинa до декември 2008 година: тоа е квантитативниот биланс на колумнистичката актива што Филип Петровски се решава да jа печати сега за сега, во оваа книга, со оглед на тоа дека читателите на “Утрински весник” се уште jа следат неговата саботна колумна. Од декември 2008 пак до сега има […]
НЕОЈАКОБИНЦИ – 14 ГОДИНИ ПОДОЦНА

Реобјавувам моја колумна од Утрински весник (кој одамна не постои) без било каква интервенција, само временска дистанца од 14 години. Оставам на секој поединечно да донесе заклучок. Број 3329 сабота, 10 јули 2010 Филип Петровски, Мислење 149 * Неојакобинците имаат замисла како се владее. Тоа е рецепт за таканаречено „конфликтно и вечно владеење“. За потребите […]
Рецензија на професорот Зоран Тодоровски на книгите на Филип Петровски

ПОЧИТУВАНИ ДАМИ И ГОСПОДА, ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ Ми се укажува посебна чест и задоволство да ги промовирам, за прв пат пред македонската јавност (заедно со проф. Цуцуловски), двете книги на младиот автор Филип Петровски, “За нас” и “Уште еднаш, за нас”. Велам млад автор, филозоф по универзитетска наобразба-диплома, но по вокација политичар, дипломат и публицист, човек […]
НЕСКРШЛИВ УМ – Бесплатна книга за моите претплатници

Еве волку можев.
„Критика на чистиот разум“ на Имануел Кант како инспирација!

„Критика на чистиот разум“ на Имануел Кант (1781, ревидирана 1787) е едно од највлијателните дела во западната филозофија. Ги истражува границите на човековото знаење и разбирање, решавајќи длабоки прашања за метафизиката, епистемологијата и сознанието. Кант се обиде да ги помири двете доминантни школи на мислата во тоа време: рационализмот и емпиризмот. Книгата е славно сложена […]
Професор Чучкова за НЕСКРШЛИВ УМ – Искра на инспирација, а не прашина на самозадоволство!

“Искра на инспирација, а не прашина на самозадоволство“- реченица која најдобро ја опишува книгата која има виолетови корици – бојата на мистериозноста и потрагата на мистериозната длабока љубов. Уште еднаш за нас – БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМАЊЕ Книга од која не само што ќе добиете искра на инспирација за да ја подобрите вашата личност туку, несомнено ќе […]
Уште еднаш за нас – БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМАЊЕ

“Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест и да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа” –Владислав Ковачев, Политичкото верују на македонците_ Започнав да пишувам затоа што тоа беше некоја внатрешна потреба која што […]
Антимакедонизам

Утрински весник број 2637 сабота, 15 март 2008 Еве што сум напишал пред десет години. Денеска овој дневен весник веќе не постои, не постои ниту неговиот вебсајт со архивата. За среќа сум ги зачувал овие редови. Па не е лошо да се потсетиме. Се чини како некој да сака да ја заборавиме историјата… Овие колумни […]
Во книжарата на МАТИЦА може да се најдат 3 мои книги…

Вечерва случајно налетав на линков и на моите книги за кои одамна не сум ни чул ни видел ништо… Па ако некој сака да си ги има еве линк: МАТИЦА Мислам дека не се нешто прескапи. И нагласувам дека од тоа не земам пари. За издавачот се…
Стојан Андов: РЕЦЕНЗИЈА на книгата „За нас“ од Филип Петровски

Андов во времето кога бев пратеник беше Претседател на Парламентот. Според тоа ми беше логично за мојата книга „За НАС“ која ги содржи моите парламентарни говори да побарам од него да ја рецензира. Подолу под линкот можете да ја прочитате рецензијата. А ако кликнете на линкот ќе можете да ја прочитате или симнете оваа моја […]
Одбележување на АСНОМ и Илинден во 1974 година

Весник на нашата емиграција кој ја одбележува 30 годишнината на АСНОМ и 71 година од Илинденското востание. Оној АСНОМ што го избришаа „нашите“ пратеници во јануари 2019 од Уставот на Македонија. Притоа го сменија името и воведоа двојазичност во пакет… (исечок од моите истражувања, слободно за користење)