ФПФилип Петровски

Кога го пишував романот „Загубената љубов на Марија“, имав проблем сам со себе. Ликовите беа повеќе од дваесет и пет и морав да направам мапа за да не изгубам трага кој каде е. Но најмногу ме мачеше едно прашање: кој е денешниот пандан на предавникот?

Одговорот не беше тежок. Кој не е, од оние што се на власт? Заев, Бранко, било кој од оние 81 пратеник што гласаа за промена на името.

Модерниот Коте од Руља

Во романот има ликови што одат во Атина и добиваат „златни“ ветувања. Тоа е во извесна смисла модерниот Коте од Руља. Коте беше соборец на Чакаларов, илинденски војвода. Дојдоа Грците и му рекоа: еве пари, а твоите деца ќе бидат елита во Атина. Тој се преврти и почна да се бори за Грците, а не беше Грк. Грците подоцна му подигнаа и споменик.

Во романот го гледате сето она што јас го гледам денеска. Сакав да им дадам слава на оние што ја заслужуваат и негативно да ги отсликам некои што ги гледам денес во друго руво.

Едно чувство дека можеме да победиме

Главниот лик сфаќа дека за да ја победи елитата, мора самиот да стане елита. Атина во романот е опишана многу детално, со превратите, со формирањето на нејзината елита, со правосудството. И тој станува елита за да ја победи одвнатре.

Тоа сакав да го направам за нас. Ние никогаш не победуваме. Губиме знаме, губиме име, губиме јазик, преамбула, територија. Нашите романи се полни со протерувања, со памтење на селото од ваму и детството од онаму. Овој роман е нешто друго. Сакав да ни дадам право на чувството дека можеме и да победиме.

Вториот дел веќе е напишан и ја носи приказната од 1925 до 1944 година, до формирањето на државата. Марија станува водач на движење, а Андон дипломатски водач. За многу од овие историски теми сум зборувал во многу подкасти, но ниеден разговор не остави таков впечаток како романот. Тогаш сфатив дека тоа што сакам да го кажам може да се каже и посуптилно, на книжевен начин.

Неподелена Македонија за мене е неостварен сон. Но додека сум жив, приказната не е завршена.

Романот може да го нарачате на knigi.filippetrovski.mk.

Текстот е изработен според видеото на мојот YouTube канал.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.