2005 година. Дипломатска академија на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев организатор и јас ги седнав на иста маса: Жељу Желев, Никола Груевски и Љубиша Георгиевски.

Фотографијата е нејасна, како и повеќето спомени од тоа време. Луѓето на неа не се.
Жељу Желев беше претседател на Бугарија кога, на 15 јануари 1992 година, Бугарија стана првата држава во светот што ја призна независноста на Република Македонија. Тоа се случи на негово инсистирање. Истата Бугарија ја призна државата, но не и македонскиот народ и јазик. Тоа противречје не исчезна. Денес е поголемо од кога било.
Љубиша Георгиевски, режисер, писател и човек на театарот, беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Една година по оваа средба стана претседател на Собранието.
Никола Груевски тогаш беше лидер на опозицијата. Една година подоцна стана премиер.
Со Желев останавме пријатели. Наредната година, на негова покана, бев на средба во Софија. Тој беше човек што разговорот го ставаше пред предрасудата. Тоа на Балканот е ретко и тогаш, и сега.
Затоа оваа фотографија има историска димензија. На една маса седнаа човекот што прв ја призна македонската држава и луѓето што наредните години требаше да ја водат. Се зборуваше за дипломатија, за соседство и за иднина што изгледаше поинаку од онаа што дојде.
Дваесет и една година подоцна знаеме како заврши секоја од тие приказни. Желев почина во 2015 година.
Фотографијата останува.
Новогодишна понудаВи се допадна текстот? Подарете книга за Нова година.Сите 7 книги за 1.690 ден. · Скопје ноар 1.000 ден. + книга на подарок →