Од архивата: Една маса, четири приказни

2005 година, Дипломатска академија на ВМРО-ДПМНЕ: Жељу Желев, Никола Груевски, Љубиша Георгиевски и јас на иста маса. Фотографија со историска димензија.
Од архивата: Кога народот на Фејсбук гласаше за претседател

Февруари и март 2019: две анкети на Фејсбук, над 10.000 гласови и една порака што анкетите во медиумите не ја кажуваа.
Промоција за доктор на науки, 2010

Во 2010 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бев промовиран за доктор на политички науки. Докторската дисертација ја посветив на колективната безбедност во 21 век, тема со која почнав да се занимавам уште на магистерските студии по меѓународна политика. На промоцијата за доктор на науки, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2010. […]
Kaкo беше уништувана и разграбувана архивата на НИП „Нова Македонија“

Успеав за среќа да го ископам овој текст кој мислев дека беше избришан заедно со мојот блог, заедно со целата блогосфера кога, едноставно беше исклучен серверот во Македонија… За среќа бил уснимен и зачуван. Kaкo беше уништувана и разграбувана архивата на НИП „Нова Македонија“ БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ГО СПАСИ НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСТВО ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕ Пo […]
Трет парламентарен состав, Вечер 19.11.1998
Антимакедонизам

Утрински весник број 2637 сабота, 15 март 2008 Еве што сум напишал пред десет години. Денеска овој дневен весник веќе не постои, не постои ниту неговиот вебсајт со архивата. За среќа сум ги зачувал овие редови. Па не е лошо да се потсетиме. Се чини како некој да сака да ја заборавиме историјата… Овие колумни […]
LIBRARY – DEFINITIVE COLLECTION

На линкот подолу 200 фотографии од периодот кога бев во Градската библиотека Браќа Миладиновци. Албумот го нареков LIBRARY – DEFINITIVE COLLECTION, мислам со право… Погледајте ако имате време… https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150350817867881&type=3
Генерален Конзул на Република Македонија во САД со седиште во Њујорк (2001-2003)

Генерален Конзул на Република Македонија во САД со седиште во Њујорк Линк до страната на СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ За жал до денеска, 20 години подоцна преживеал само еден документ онлајн. Ова ви е директен доказ дека историјата се брише, прераскажува одново според потребите на совремието. Ама за среќа јас имам купишта сочувани документи. И ќе ги […]
Градската библиотека е важна културна институција – Интервју УТРИНСКИ 2006

Утрински весник одамна не постои, како и неговиот веб сајт. Базата на вести и податоци којзнае каде отиде (поѓаволите)… За среќа сочуван уште еден фрагмент од тоа што минатите децении сум го работел, а на кое што секако се гордеам. *** Директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, говори за реализираните проекти: Разговараше НЕВЕНА ПОПОВСКА Од […]
Некогашниот сајт на ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА БРАЌА МИЛАДИНОВИ

Велам некогашен затоа што одамна е избришан, нема бекап, нема сведоштво. Бришењето на меморијата и работата на секој претходник кај нас е КОНДИЦИО СИНЕ КВА НОН. А ако ме прашате и до денеска ниту една институција нема ваков прегледен, корисен и информативен сајт.
Интервју во МАКЕДОНСКО СОНЦЕ (2006)

интервју сонце 2006 ПДФ верзија.
Македонски весник од 1975 година, досега необјавен онлајн

Понекогаш кога сум расположен вадам по нешто од моите истражувања и архива. Да не се заборави. #Македонија #FilipPetrovski #ВМРО
Моето полициско досие

Додека протестирав како студент а и потоа водено е ПОЛИЦИСКО ДОСИЕ со намера да ме компромитираат како политички несоодветен. Ова беше забрането со Уставот на тогаш Република Македонија…
11.8.2016 – решение за именување во кадровска комисија