Во 2010 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бев промовиран за доктор на политички науки. Докторската дисертација ја посветив на колективната безбедност во 21 век, тема со која почнав да се занимавам уште на магистерските студии по меѓународна политика.

Промоцијата се одржа во свечената сала на Универзитетот, под портретите на поранешните ректори и до скулптурата на Свети Климент Охридски. Заедно со колегите кои ги одбранија своите докторати, ја примив дипломата во тогата на Универзитетот. Тоа беше крај на долг пат, но и почеток на нов.


Колективната безбедност, меѓународното јавно право и правото на Европската унија останаа мое главно научно поле. Денес ги предавам на Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија при МИТ Универзитет Скопје, каде што сум декан.