🎁 Новогодишни пакети до 14 јануари — книга на подарок →
ФПФилип Петровски

Февруари 2019. Државата е пред претседателски избори, а името веќе е сменето на хартија. Во таа атмосфера, две популарни патриотски страници на Фејсбук поставија исто прашање: кој треба да биде претседател.

На 7 февруари, страницата „Rise up Macedonians – Станете Македонци“ праша: „Кој кандидат за претседател подржувате?“ Понудени беа две имиња, моето и на Гордана Сиљановска Давкова. Резултатот: 78 спрема 22 проценти. Гласаа 4.100 луѓе, анкетата доби 140 коментари и 132 споделувања.

Анкета на страницата Rise up Macedonians, 7 февруари 2019: Филип Петровски 78%, Гордана Сиљановска Давкова 22%

Месец подоцна, на 3 март, страницата „Александар Македонски“ го постави прашањето уште подиректно: „Кој треба да биде Претседател на Република Македонија? Пендаровски Стево или Петровски Филип?“ Гласаа 6.400 луѓе. Резултатот беше 84 спрема 16.

Анкета на страницата Александар Македонски, 3 март 2019: Филип Петровски 84%, Стево Пендаровски 16%

Тоа не беа научни истражувања на јавното мислење. Никој не ги нарача, никој не ги финансираше и не бев кандидат. Но кажуваа нешто што не го кажуваа анкетите во медиумите.

Најискрено зборуваа коментарите. Многумина напишаа само едно име. Еден читател напиша дека сум „најкомпетентен“ затоа што „ќе ги зачува боите на Република Македонија“. Други пишуваа „Бојкот“ и „Никој“ – не сакаа да гласаат за претседател на држава со туѓо име. И тоа беше порака. Можеби најгласната од сите.

Седум години подоцна, овие слики не ги објавувам од носталгија. Ги објавувам затоа што покажуваат колку луѓе тогаш не се откажаа од Македонија – ниту од надежта дека може поинаку.

Бројките се архива. Луѓето што гласаа – не се.

Дел од коментарите

Имињата и профилните фотографии на коментаторите се заматени.

Новогодишни пакети книгиНовогодишна понудаВи се допадна текстот? Подарете книга за Нова година.Сите 7 книги за 1.690 ден. · Скопје ноар 1.000 ден. + книга на подарок →
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *