Денеска, на 13 ноември, се навршуваат 28 години од денот кога Државната изборна комисија ми го издаде уверението за избор на пратеник во Собранието на Република Македонија. Го чувам во мојата архива и сметам дека му е местото тука, бидејќи и тоа е дел од историјата.

Уверението е издадено под број 33-549/1, врз основа на член 27 точка 15 и член 96 став 2 од тогашниот Закон за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Избран сум по листи на кандидати, од листата на ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство). Документот го потпишала претседателката на Државната изборна комисија, Лилјана Ристова.
Една година претходно ги водев студентските протести од 1997 година. Пратеник бев до 2001 година, кога заминав на должноста генерален конзул во Њујорк.