Признание во видео настап на Николовски дека работата е завршена и ширење на дефетизам дека секое противење е излишно… Со внимателно слушање на неговиот настап се забележува дека настаните во партијата биле организирани за да се покрие опасноста Мицко да биде прогласен за соучесник во промената на Уставното име на Македонија, со привид дека бил на браникот.
Но, сега, неколку дена подоцна, повеќе од јасно е дека се работи за договорено сценарио. Неговиот заменик во нити еден момент не повикува на отпор, не спомнува протести, не се противи, туку вели дека ова БИЛА ЗАВРШЕНА РАБОТА.
Ова не е прв пат да е на линија на предавството. Во повеќе наврати годинава бараше отворено решение за името, односно негова промена. Вакви византиски игри не се прв пат применети во ДПМНЕ.
Имено со странските амбасади се договарани пакети и претходно. Само што при губењето на Кичево, Струга и Скопје во 2004 немавме можност да се информираме масовно преку социјалните мрежи и да се усогласуваме на дневно ниво. Тогашната кооперативност на Груевски потоа беше наградена во 2006 година. На тоа се надева и сегашната екипа во „Белата палата“. Со тоа што сега се повеќе од видливи деловите на сценариото што мислеа дека нема да бидат видливи.
Одамна првенците на Мицко не спомнуваат Македонија или Република Македонија. Одамна го оставија проблемот за името зад себе надевајќи се дека кооперативноста ќе им донесе функции и лагодност во животот.
Е сте се излажале. Преку глава сте му на народот. На тој истиот народ што ве гласаше, мрзнеше за вас по улици додека сте трпале енорми суми на богатство. Не поминувате веќе.
Првпат објавено на Facebook, 26.10.2018.