Седум години од денот кога собраниското мнозинство ги изгласа уставните измени за промена на името. Седум години откако една политичка одлука стана длабока национална траума.
Денес, со временска дистанца, јасно се гледа дека Преспанскиот договор не беше само “болна отстапка”, туку преседан кој не ги донесе ветените брзи решенија. Влеговме во НАТО, но останавме заглавени во чекалната на ЕУ, изложени на нови, уште поапсурдни негирања.
Наместо достоинство, добивме бирократска придавка. Наместо европски стандарди, добивме институционална конфузија. Најголемата лекција од овие седум години е дека идентитетот не е валута за тргување – штом еднаш ќе го ставите на маса, цената само продолжува да расте, а купувачот никогаш не е задоволен. Историјата ќе суди, но народот веќе одамна ја почувствува горчината.
(На фотографијата се осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за промена на името)
Првпат објавено на Facebook, 11.1.2026.