ФПФилип Петровски

Смислиле план. Тоа децата во центарот за комуникации (што 6 месеци не им даваат плата) ги ангажирале да прават пропагандно видео. Црна пропаганда против мене. Така ќе парирале на гледаноста на моите видеа…

Е ама на децата им се гади. И се ми пренесуваат. Они во палатата кога ќе кивнат јас знам…

Одозгора забораваат една битна работа. Ги знам сите механизми за дистрибуција на ПРОПАГАНДАТА.

Па затоа им предлагам: оладете главите и фокусирајте се на Заев и предавничката Влада. Фокусирајте се на МАКЕДОНСКИТЕ национални интереси и застанете пред народот. Во спротивно ГИТЛА. Членството бара лидерство, визија и патриотизам.

Не го трујте со глупав пиар кој бил на Водно кој на Титов Врв а кој во некоја пивница. Ви се смеат членовите. Истите тие што ги собирате со сила на состаноци. Да не мислите дека стојат зад вас ако дошле да ви се чудат на состаноците. Мерка ви земаат. А таа нема да ви се допадне.

Првпат објавено на Facebook, 18.2.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.