Не знам сега од каде сте збунка за моето мислење за 27 април и влезот во Собранието. Како што знаете мојот став е дека народот влезе да го заштити Уставот и да ја брани Македонија. И јас влегов таа вечер во Собранието. Со илјадници други ИСТОВЕРНИ, ИСТОМИСЛЕЧКИ. Никој од нас не знаеше што се случува зад параваните (вклучително и јас) и дека како што сега изгледа се договарало предавање на власта од страна на Груевски кон Заев, додека истовремено се жртвувал народот… Во тоа „играње на политика“ настрада народот. Груевски си побара да се апсат луѓето, Мицковски го повтори истото во неколку свои интервјуа. И луѓето ги осудија. Драконски. Ова е само мал дел од осудените. Како што знаете не се завршени сите процеси и како што се чини допрва ќе ги осудуваат и ќе се зголемува бројот на години што ќе треба да се лежат односно принесат на ОЛТАРОТ НА СЛОБОДАТА ЗА МАКЕДОНИЈА.
Според моите политички ставови а и искуство од таа вечер сметак дека најлогично е да побарам да ги амнестира Иванов сите осудени. После се монструми и терористи се на слобода. Дури и Отоманската империја амнестирала еден куп Илинденци во знак на помирување. Не знам што не ви е јасно со моето барање до Иванов?! Но, како што гледам апологетски сте настроени кон Мицко кој како месија побарал амнестија (за дел од „новинарите“ сум информиран за дискретните средби во кабинетот на факултет). Има мала разлика „другари“. Само мала. Тој во ТВ настапи пред некој месец бараше да се осудат овие луѓе. Побогу не е возможно тоа да сте го заборавиле. Кружат видеа по фејс. Затоа во НАЈМАЛА рака е ЛИЦЕМЕРНО истото лице (кое по своето однесување веќе во многу заличува на Заев односно трчи-лжи на дневна основа) да бара амнестија за оние за кои што бараше пресуди и казни.
П.С. има уште многу што да се пишува на тема. И објаснува. На жртвите и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој тој ден е предаден и продаден. Ќе треба нашите првенци сите по ред да си ја објаснат својата улога тој ден. Кој каде беше и зошто!
Првпат објавено на Facebook, 9.7.2018.