СДСМ и невладините организации финансирани од СОРОС се обидуваат да ги замолчат неистомислениците.. По барање на Хелсиншкиот комитет на Уранија Пировска, Министерството за внатрешни работи во периодот кога со него раководеше кадар на СДСМ, Оливер Спасовски, поднесе кривична пријава против Филип Петровски за искажан став на Твитер.. Осомничен е предизвикување општа опасност и загрозување на национални и верски права поради што е повикан на распит во јавното обвинителство.. Според Петровски, ова е обид да се влее страв кај политичките неисотмисленици..

Инаку токму Уранија Пировска јавно се закануваше по безедноста на полициските сили за време на протестите на шарената револуција..

Со Закани по животот на премиерот, претседателот и други политичари тогаш токму преку својот твитер профил се огласи и новинарот близок до СДСМ, Бранко Тричковски..

Тој напиша: Ако го убијам Груевски дали медиумите ќе известат дека Македонец убил лудак? Макар што не е сигурно дека јас сум Македонец..

Во низата закани од невладините против слободните медиуми и политички неистомисленици, со изјави за притисок излегуваа и членови на СДСМ.. Поранешниот пратеник Есад Рахиќ ги предупредуваше новинарите да внимаваат какви текстови пишуваат..

Инаку Според Петровски, СДСМ подолго време ги користи соросовите невладини организации за создавање притисок врз слободните медиуми..Загрижувачки е што сега тоа се прави и врз корисници на социјалните мрежи, смета Петровски..

Овој случај доаѓа во време кога СДСМ користејќи го Специјалното јавно обвинителство врши притисок врз ТВ Нова, покренувајќи обвинение против сопственикот на телевизијата..

Инаку покренатото обвинение против Филип Петровски за загрозување на верските и национални интереси е втор познат случај за европската јавноста.. Ваква постапка се води и против поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша..

Извор: СИТЕЛ

Повеќе видеа на мојот канал на Јутјуб

Leave a Reply

Your email address will not be published.