Лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев на својот Фејсбук профил напиша дека службаници на ДИК се фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на кандидатот за претседател Филип Петровски.
„Вечерва службеници-Албанци во подрачната канцеларија на ДИК во Гази Баба фатени на лице место како ги фалсификуваат формуларите за потписи на д-р Филип Петровски. Повикана е полиција и во моментот е тензично во канцеларијата на ДИК“, напиша Бачев на Фејсбук.
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.