Денеска ВСМРО ја загуби тужбата против мене, со која што вината за својата неспособност (во секоја смисла, освен за бизнис ентерпрајзи) сакаа да ја префрлат врз мене.
Сепак судот не пие нафта. Башка не е ова Авганистан или Белорусија (како што они сакаат да биде), каде што вистината извира од врховен авторитет, султан, император…
Сепак должен сум да им се заблагодарам за верификацијата на факти (за она што го говорев) и фрустрацијата што во вистината се препознаат и ги здоболе.
Со ова не завршува мојата борба за демаскирање на патриотите од Али Експрес. Со задоволство ја прифатив должноста скриените и нечисти, како и нечесни работи да ги изнесувам на видело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *