ФПФилип Петровски

[1 октомври 2019] Советниците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ најавија дека ќе ја напуштат седницата на Советот на Општина Штип, на секоја точка од дневен ред, каде се бара промена на името на институциите со додавката Северна. На последната седница беа измените на Статутот на ОУК Дом на млади, каде требаше да се додаде додавката Северна секаде во документот каде стои Република Македонија. Оваа точка беше одложена за наредната седница, откако опозициските советници од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата.

– Ја напуштаме седницата бидејќи остануваме на истиот став дека нема да учествуваме во гласањето во таа точка, како и на претходната седница, кога имаше во една друга институција користење на зборот Северна во нејзиниот назив – изјави Иван Јорданов, координатор на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ.

Првпат објавено на Facebook, 25.12.2024.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.