Браво народе на Македонија,
Се поклонувам на вашата храброст и патриотизам.
После ова денес жива е Македонија.
На сите притисоци од СДС и од белата палата и врхушката на Мицко, од полицијата наоружана со автоматски пушки, од снегот и студот, докажавте дека Македонија е над се.
Денеска имаше уфрлени удбаши дури и на бината и насилници што ги чуваа со инструкции за конфликт, но ние сме достоинствени патриоти и не наседнавме.
И, покрај недоразбирањата помеѓу десницата и индивидуалните конфликти, и покрај присуството на некои испушени муштикли од белата палата, денес покажавме дека Македонија ги победи и СДС и врхушката на Мицко..
Денес има само една партија, а тоа е Македонија.
Им честитам на тие кои не подлегноа на притисокот од хунтата и дистанцирањето на мицковата врхушка..
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА ДО КОНЕЧНА ПОБЕДА..
ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА И ЖИВИ СЕ ВО НАС, ДЕЛЧЕВ, ЧАКАЛАРОВ, ЌОСЕТО, ЧЕНТО И СИТЕ МАКЕДОНЦИ..
Првпат објавено на Facebook, 27.2.2018.