Денот кога гореа книгите!
„Онаму каде што палат книги, наскоро ќе горат и луѓе”.
Оваа сурова вистина започнува на 10 мај, 1933. во Берлин.
Мирисот на изгорената хартија предупредува осумдесет и три години подоцна, но за жал токму во Скопје.
Денес шарената опозиција изврши своевиден либрицид-убивање на книгата што претставува равенство на геноцид-ова нема потреба да се толкува.
Но, како предупредување што не смее да се случи, напоменувам на вториот дел од цитираното – “….. наскоро ќе горат и луѓе”!
Ова е изречено од Хајнрик Хајне 100 години пред да се случи горењето на книгите во Берлин, односно 183 години пред пироманската налудничавост на шарената опозиција.
10 мај, 1933. во Берлин – 26 мај (повторно?!), 2016. во Скопје, дали “случајно” е одбран денот многу близок со берлинскиот, премногу симболика, премногу омраза, неразумност и премногу сличност.
Кој како сака нека извлече заклучок.
Првпат објавено на Facebook, 27.5.2016.