Ги гледам КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ (од кои некои има шанси да се пензионираат во парламентот и Ѕинго може вода да им носи…) како со недели, месеци, па и години дебатираат, па се надмудруваат за ЗАКОНОТ ЗА ЈО. И никако да се донесе законот.
Претходно ако се сеќавате истото со месеци беше за СЈО, па видовме како заврши таа епизода. Тие што требаше да гонат криминал излезе дека се најголеми криминалци. Фајде не видовме. Народ, едно чудо народ во меѓувреме ни се исели. Нит правда видоа, нит леб имаат да јадат. Но циркуси по парламент, по Пржина гледаа и се изнагледаа и им се згади од се…
И исправно е да се запрашаме како може осомничени, гонети, во разговори слушани како се договараат на другите да им е*ат мамата, да бидат тие што ќе носат Закон. Па луѓе од авион се гледа дека сите се борат за влијание врз ОБВИНИТЕЛСТВОТО, а не за спроведување на Закон или гонење на криминал. Притоа влијанието ќе значи да креваат телефон и да кажуваат кој да се гони, а кој да се амнестира затоа што е „наш“.
Многу ми е жал што вака посветено овие наши пратеници и елити не се бореа против промената на името, против промената на Уставот и против воведувањето на двојазичноста. Барем да пробаа да се спротивстават, па сега да има зошто да им веруваме… Ништо од тоа. Историјата ќе биде немилосрдна кон нив.
Да ви кажам како се носи ЗАКОН за ЈО. Многу просто. Се дава неограничено право на ЈО да гонат криминал и се забранува контакт на политичари со него, со закана од 10 години затвор. Макар и да е странец обвинителот, што не ми е мило. Ова бидејќи овдека сите испадна дека се роднини и братучеди. Посебно во политичките кланови. И се прелеваат семејните релации кон двете корумпирани страни, лево и десно, а во рамките на едно семејство…
Дајте му власт на обвинителот да гони и да престане криминалот оти ќе ви остане празна државата бе билмези од парламентот и кулите и палатите…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *