ФПФилип Петровски

Промената на Уставот и промената на уставното име на Република Македонија е зачеток на сите денешни проблеми на државата, вклучително и на двојазичноста на полициските униформи која веќе е на сила, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” Филип Петровски.

– Проблемите се уште од времето на протестите “За Заедничка Македонија” каде покрај најголемиот дел искрени патриоти имаше и неколкумина инструментализирани и платени да го прават тоа што го прават. И тие денеска се на пратенички места, наградени со пратенички плати, дневници, имунитети, од нив ли очекуваш да ги бранат македонските интереси? Па ја продадоа државата. Е сега пратеничкава што ја пуштивте, дали е политичко суштество или е нечија тесна врска? Замислете бре на Запад да биде ваков пратеник, во Македонија со дегенерици во системот кој е намерно корумпиран ти не можеш да направиш држава, вели Петровски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, додава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски одамна добија понуда за гласање на ваквиот закон за двојазични униформи и лични карти, кој сега веќе секако помина, во замена за целосна слобода на уставобранителите со прекин на постапката.

– Ова сега секако помина, не можеа ли да ги ослободат уставобранителите, да дојдат на власт и да го поништат законот за двојазичност на личните карти? И дали сега кога помина ова на владина седница реагираа некако, каде се? На Мицкоски му беа важни два-тројца, останатите кој што си правел ќе си одговора, вели Митовски.

Првпат објавено на Пулс24, 27.3.2023.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.