Едниот го фали, другиот го цитира дудлачот. Ова до сега немав видено. Ама…
У меѓувреме станавме северна, двојазична, се исели пола држава, сменија документи, историја, и се што сакаа. Ама поради овие двајца Македонија немало да умре. До кога ќе го лажете народот??
*
Бонус: Според пресудата, Арнаудов делото го сторил во 2002 година кога ВМРО ДПМНЕ предводена од Љупчо Георгиевски се уште беше на власт. Тој како директор на ЕСМ потпишал договор со Државниот завод за геодетски работи за премер на целокупниот имот на ЕСМ, а извесно време потоа го поништил со изговор дека е спротивен со тендерот за јавни набавки. Подоцна пак потпишал нов договор, но сега со Серафимов. Пандиловски, иако знаел дека претходната фирма Блив со која беше раскинат договорот не ја извршила работата, сепак и префрлил 60 милиони денари со што го оштетиле буџетот на државата за еден милион евра.
Неполна година по престојот во Идризово, Претседателот Ѓорге Иванов го помилува и му ја намали казната за десет месеци. Со деновите поминати во притвор и со помилувањето, Ламбе Анаудов одлежа помалку од две години затвор за дело за кое беше осуден 4 години.
Оттогаш тој фигурира како член на ВМРО НП . На својот партиски лидер Љубчо Георгиевски му искажува безусловна лојалност, а неодамна го прогласи за ДНК на ВМРО и есенција на македонската независност, самостојност и демократија.
Првпат објавено на Facebook, 21.5.2022.