Во држава со најниска минимална плата во Европа, власта демонстрира луксузна мобилност како да управува со економски тигар, а не со социјално ранлива економија.
Додека илјадници граѓани преживуваат со минималец што не ги покрива ни основните трошоци за храна и сметки, државниот врв – предводен од Мицковски и Силјановска, користи скапи службени летови за дипломатски турнеи без јасна транспарентност за трошоците и придобивките и со сокриени листи на патниците.
Кога буџетот е ограничен, секој трошок мора да биде оправдан со конкретен економски или политички резултат.
Дали овие патувања донесоа инвестиции? Нови пазари? Договори со директен фискален ефект?
Или станува збор за политички протокол и личен комодитет финансиран од народот кој едвај преживува?
Во услови на ниски плати, инфлација и иселување, расипничкото трошење не е само лош вкус – тоа е погрешна економска порака.
Забрзано се создава перцепција дека постојат две реалности: една за граѓаните и една за функционерите.
Лидерството се мери со пример. А примерот денес не е штедење, туку демонстрација на моќ со јавни пари.
Држава со минимална плата на европското дно не смее да има елита потпрена на буџетот како на лична сопственост.
Првпат објавено на Facebook, 20.2.2026.