ФПФилип Петровски

Ете на сите добронамерни и злонамерни, што со денови ме прашувавте што ќе се преземе. Одговорот е пред вас, јавен, јасен и гласен. Ќе одиме кај Крсто во Вевчани, па кај Василевски и Арнаудов, и кај Бети и Александрова. Демократски ќе им врачиме повик да се освестат и да не го менуваат вековното наше име. Потоа ќе има и други активности.

А вие што ќе правите? Добредојдени сте да се придружите. Ќе биде ли тешко? Да, ќе биде ѓаволски тешко. Ќе биде ли опасно? Да, ќе има полиција наоружана до заби со наредба да тепа. Нема да ве лажам. Во тишината на вашите домови проценете сами што треба да правите во наредниот период. Нема простор, време нити потреба од убедување. Секој со својот крст на чело!!

Да живее Македонија!

Првпат објавено на Facebook, 5.11.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.