Ова е единствената држава на македонскиот народ. Првата преамбула од 1991 година, која денес е двапати сменета и не е ни блиску до изворниот текст, почнуваше со вековната борба на македонскиот народ и на сите други што живеат во државата.
Истото го носи и говорот на Панко Брашнаров на отворањето на Првото заседание на АСНОМ. Во тој говор се чувствува воодушевувањето што се собрале делегати од сите три дела на Македонија со една визија како треба да се формира државата.
Што се случуваше во Западна Македонија
Нека не ми се лути гледачот Албанец. Немам ништо против и сметам дека Албанците во оваа држава се рамноправни. Но историјата е историја. Во тој момент добар дел од албанското население во Западна Македонија беше приклучено на проектот на Албанија. По капитулацијата на Италија во 1943 година, кога албанската држава ги презеде овие територии, за тоа постојат сведоштва дека е извршено етничко чистење и злосторства врз Македонците.
За овие работи не е конјунктурно да се зборува. Многу малку се зборува.
Кој бил на АСНОМ
Затоа мислам дека би било фалсификат да се каже дека на Првото заседание на АСНОМ рамноправно учествувале Албанците. Ако го погледнете целиот список на делегати, ќе видите еден или двајца. Во првата влада имаше министер за социјална политика и потпретседател од редот на малцинствата. Тоа е историската реалност.
Потоа околностите се сменија. Се сменија и влијанијата и процентите. Но во тоа време државата се формира исклучиво како напор на македонскиот народ од сите три дела на Македонија, распарчена по Втората балканска војна. Тоа е факт и никој не може да ме убеди во спротивното.
Текстот е изработен според видеото на мојот YouTube канал.