ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ:
БЕВМЕ ПРЕДАДЕНИ НА ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ.
ВРХОВИСТИТЕ ПРЕД НИШТО НЕ СЕ ЗАПИРААТ НА ПАТОТ
ЗА ЗАГРАБУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА ВО СВОИ РАЦЕ.
НО НИЕ ЌЕ СЕ БОРИМЕ МАШКИ И ПАК ЌЕ ПОБЕДИМЕ
(1901 год.)
“Тука, пишува Делчев во едно писмо, бевме предадени на турските власти, но се спасивме. Чорбаџиите биле наговорени (од врховистите) да ги предаваат и прогонуваат внатрешните чети зашто тие биле главната пречка за да можат кнезот и Русија да ја изразаат својата благонаклоност над целата земја подарувајќи и слобода. Ете со какви престапни агитации се служат пратениците на Комитетот (се однесува на ВМК, н.б.). Предавството тука е издигнато во патриотски добродетел. Пред ништо не се сопираат на патот за заграбување на ситуацијата во свои раце. Но ние ќе се бориме машки и, без да се служиме спрема нив со предавство, пак ќе победиме.”
Димо Хаџи Димов, Македонскија впрос и учителја, Кјустендил 1902, стр.46-48
Првпат објавено на Facebook, 20.11.2015.